Рускиот претседател Владимир Путин со мини-подморница се спушти на дното од Балтичкото Море, за истражување на остатоците од бродот „Олег“ кој потонал во 1869 година.
Путин истакна дека бродот лежи на неговата десна страна и дека е совршено сочуван, така што јасно може да се прочита неговото име. Тој додаде дека нуркањето не било воопшто страшно, туку напротив, многу интересно.
Ова не беше прво нуркање за Путин. Тој и претходно нуркал со мини-подморница во 2009 година во Бајкалското Езеро.
Бродот „Олег“ врз кој сега се вршат истражувања, го открија руски нуркачи во 2003 година.