Ивановски: Законите за медиуми и за аудиувизуелни и медиумски услуги усогласени со препораките

Медиумите и аудиовизуелните и медиумските услуги ќе бидат регулирани во два посебни законa усогласени со препораките на ОБСЕ, Советот на Европа и ЗНМ. Предлог законите за медиуми и за аудиовизуелни и медиумски услуги се усвоени од Владата и пратени до Собранието на Република Македонија во редовна постапка.

„Сите дефиниции за кои што имавме забелешка од ОБСЕ или СЕ се допрецизирани по нивните препораки. Регистрацијата на медиумите се вршни во Централниот Регистар, како било кое друго трговско друштво, а не во новата Агенција за медуми, со ште се задоволува уште една забелешка на ОБСЕ и СЕ. Членот за саморегулација се брише по препорака на ОБСЕ. Слободата на изразување и слободата на медумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на РМ. По препораката на ОБСЕ членот за правото на новинарот да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврчи налог, односно задача, е споен од претходните два члена што ги имавме во нацрт текстот, притоа да не се нарушат и правата на издавачите на медиум“, истакна на денешната прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Законот за медиуми, според Ивановски, ќе се однесува на сите медуми што претставуваат средство за јавно информирање, односно било каков вид комуникација како весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, електронски публикации, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика, со цел да се информираат и задоволота културните, образовните и другите потреби на почироката јавност.

Тој појасни дека под електронски публикации се  подразбираат електронски верзии на весници/магазини кои преку интернет веб-страни се достапни за пошироката јавност, без оглед на нивниот обем и оти не се опфаќаат блогови, приватни веб портали, социјални мрежи, форуми …

Според Ивановски, за медиуми не се сметаат  билтени, каталози,   други форми на публикации, независно од средството за објавување, наменети исклучиво за огласување, образовниот систем или за деловна коресподенција, публикациите на единиците на локалната самоуправа, плакатите, летоците…

Со Предлог законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, рече министерот Ивановски, се усогласува македонското законодавство со европската директирва за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Во овој закон е оставен и делот што се однесува на новото регулаторно тело Агенцијата за медиуми и аудиомедиумски услуги и функционирањето на МРТ. Постоечкиот Совет за радиодифузија, ќе се преуменува во Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. Во Агенцијата намален е мандатот на членовите во советот од 9 на 7 години по препораката од Советот на Европа и ОБСЕ, а намален е мандатот на директорот на Агенцијата од 8 на 7 години. Исто така по препорака на ОБСЕ и СЕ повеќе членови во агенцијата ќе се делегираат од цивилното општество, а намалени се претставиниците од Собранието на РМ и ЗЕЛС“, рече Ивановски.

Појасни дека во новиот текст, покрај претставник од мнозинското здружение на новинари, по еден член предлагаат и Адвокатската Комора, предлог од прифатен ЗНМ, и Интеруниверзитетскта конференција. Покрај овие три члена, Собранието на РМ ке предложи два и ЗЕЛС исто така два.

„Се изостави обврската за печатените и ел.портали да се евидентираат во Агенцијата. Агенцијата информациите за нивна потреба ќе ги обезбедат од Централниот Регистар на Македонија. По препоракта на ОБСЕ се воведува и административен надзор над медиумите. Во однос на медиумската концентрација, по препораката на СоЕ законот останува како што е и постоечкиот“, истакна Ивановски.

Со законот, додаде тој, се се прецизирани обврските на радиодифузерите за емитување музика и за програми изворно создадени на македонски јазик или на јазиците на заедниците во Република Македонија.

„Радиодифузерите се обврзани дневно да емитуваат најмалку 30 проценти програма изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија почнувајќи од 2014 година.  Од 2015 година, обврската од 30 проценти се зголемува на 40, а од 2016 година на 50 проценти. Јавниот радиодифузен сервис е обврзан дневно да емитува најмалку 40 проценти ваков тип програма, а од 2016 година, обврската  се зголемува на 50 проценти“, рече министерот Ивановски.

Исто така, телевизиските радиодифузери   се обврзуваат во било кои четири дена од неделата најмалку  два часа во текот на денот,  да емитуваат  вокална и вокално-инструментална музика изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик или на јазикот на етничките заедници кои не се мнозинство, а Јавниот радиодифузен сервис е обврзан на најмалку еден телевизиски и еден радио програмски сервис на македонски јазик и на телевизискиот и радио програмскиот сервис на јазиците на етничките заедници кои не се во мнозинство во Република Македонија, дневно да обезбеди најмалку 45 проценти од емитуваната вокална и/или вокално-инструментална музика изворно создадена во Република Македонија.

Националните телевизиски радиодифузери од општ формат се обврзани годишно да емитуваат  најмалку 10 часа  домашна документарна програма во перидот од 7 до 19 часот, најмалку 20 часа  домашна играна програма во истиот период.

Министерот Ивановски посочи дека Министерството останува отворено за дополнителни предлози за натамошно усогласување на текстовите пред по нив да се расправа во Собранието на Република Македонија.

„Имајќи во предвид дека Собранието во месец Август ќе биде нема да работи поради летните одмори, се отвора можност за најмалку 4 дополнителни недели за расправи и дискусии пред да се одржи второто читање на законот“, рече Ивановски.

Сите заинтересирани страни можат да се обратат до МИОА доколку имаат дополнителни предлози.