Пронајдена дрога сокриена во звучник

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето И.В.(36) од Охрид поднесе кривична пријава. 

При претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронајде околу еден килограм опојна дрога Марихуана што била сокриена во звучник во дневната соба спакувана во неколку помали најлонски кеси но и во тегли.

Марихуаната, пријавениот И.В. ја купил пред еден месец од лице од Скопје по цена од 500 евра. При купо-продажбата, дрогата била спакувана во една најлонска кеса облепена со самолеплива лента по што пријавениот, откако ја пренесол во неговиот дом, извршил нејзино препакување во помали најлон кеси и во мали тегли. 

Така спакуваната марихуана тој имал намера преку свои канали да ја продава на наркопазарот односно требало да ја препродава на наркозависници од Охрид и Струга со кои претходно договарал средби.

При претрес во неговиот дом, дополнително пронајдени се една направа за мелење марихуана, 10 отпушоци од рачно изработена цигара со траги од марихуана како и други предмети што се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.   

Инаку, пријавениот е лице кое досега не е познат на службата како извршител на вакви и други казнени дела.

Droga1 Droga2 Droga3 Droga4