Бугарија и Романија најсиромашни земји во ЕУ

Во 2013 година потрошувачката во Романија и Бугарија била околу 50 отсто под просекот на ЕУ. Ова се наведува во извештајот на Еуростат за 2013 година, кој се фокусира на ефективно индивидуално потрошувачка (ЕИП) по глава на жител.

Евростат наведува дека овој показател го одразува нивото на материјална благосостојба на домаќинствата.

Највисоко ниво на ЕИП по глава на жител во ЕУ е забележано во Луксембург, каде тоа било со околу 40 отсто повисоко од просекот за Унијата. Германија се наоѓа на околу 25 отсто над просекот, а Австрија, Шведска, Данска, Белгија, Финска, Франција и Велика Британија се со 10-20 отсто над просекот на ЕУ.

Во Ирска, Италија, Кипар, и Шпанија нивото на ЕИП била до 10 отсто под просечните европски вредности.

Литванија, Словенија, Португалија, Полска, Словачка и Чешка се наоѓаат помеѓу 20 отсто и 30 отсто под просекот ЕИП, додека Латвија, Естонија, Унгарија и Хрватска се со помеѓу 30отсто и 40 отсто под ова ниво.

Извор: Нет Прес