ЈП „Билјанини Извори“ со проекти за анимација на најмладите

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ како претпријатие од јавен интерес во текот на летниот период  ќе реализира низа проекти за анимација на сите граѓани без разлика на возрасната граница со посебен акцент на најмладата популација.

Проектот „Билјанини Извори за децата“ опфаќа детски фестивали кои ќе се одржуваат на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, ноќно кино, куклен театар како и друштвени игри за сите возрасни групи.

Прв настан од овој проект е детската забава со СУПЕР SВЕЗДА и Дарко Мијалкоски која ќе се одржи на ден 20.07.2013 година (сабота) со почеток во 19:30 часот.

Цената на влезница е симболични 60 денари за целото семејство.