Поради грешка на PayPal за момент бил милијардер

Само за неколку минути, Американецот Крис Рејнолдс од Филаделфија бил најбогатиот човек на планетата. По една грешка на системот за електронско плаќање на „PayPal“ овој 56 годишен човек на својата сметка имал 92.233.720.368.547.800 долари.

Како што изјавил Рејнолдс, иако се работело за грешка, тој поверувал за момент дека ги добил тие пари. Но, сепак за брзо време грешката била исправена, а неговата сметка повторно празна.

Рејнолдс преку „PayPal“ трошел околу 100 долари месечно, најчесто за он-лајн купување. Тој тврди дека тие милијарди би ги потрошил во добротворни цели, а би го купил и неговиот омилен бејзбол клуб од Филаделфија.

Од „PayPal“ одбиле да го коментираат овој случај, не сакајќи да ги откријат процедурите кои ги чуваат во строга тајност.