Во периодот 14-19 Јули 2013 година, во Утрехт, Холандија се одржува Европскиот младински олимписки фестивал УТРЕХТ 2013 на кој ќе настапат 2300 млади спортисти од Европа на возраст од 13-18 години кои се натпреваруват во девет спортови.
Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Европските олимписки комитети, кои беа во комуникација со Европските спортски федерации, одобрија учество на два млади спортисти од Македонија кои ќе можат да настапат на овие младински Европски олимписки игри. Тоа се Ана Марија Дамјановска (пливање) која водена од својот тренер Милош Ненад ќе настапи во дисциплините слободно на 50 и 100 метри и Мартина Мироска (атлетика) која водена од својот тренер Влатко Димитров ќе настапи во дисциплините 100 метри и скок во далечина.
Водач на делегацијата е спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.