Работилница за поефикасно остварување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Во согласност со Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година, во организација на Секторот за туризам и локален екомски развој и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, денес се одржа едукативно информативната работилница со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност, како и претседателите на месните заедници на селата во Општина Охрид беа запознаени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

Упатства за корисници, национални програми, новите измени во ИПАРД Програмата кои се донесени со цел поуспешно искористување на овој европски фонд  беа дел од дискусијата на одржаната работилница. 

Пред присутните беа презентирани проекти и програми поврзани со инфраструктурни планови( обнова на електрична мрежа, пристапни патишта до 1 км, обнова на водоводни и канализациони инсталации), уредување на туристички и излетнички места во рурални области ( уредување на паркови, плоштади итн.) кои во иднина треба да се остварат во општина Охрид.

IPARD_zemjodelie_4851