Од вчера под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, по втрпат, започна трпејчкото културно соарè наречено „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“.
Оваа година манифестацијата ја отвори ансамблот „Билјана Јуниор“. Беше отворена и изложба на дела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада.
Проследуваме десетина фотографии од свеченото отворање, од пред преполнетиот мал плоштад „КАЈ БУНАРОТ“.
WebOhrid / фото: Дим Дон