Од вчера екипите на „Јавна хигиена“ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се презедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03:00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.