Се расчистува езерската алга покрај градскиот кеј

Од вчера екипите на „Јавна хигиена“ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се презедоа активности за расчистување на истата. Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се  вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03:00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.