„Спортско лето“ со децата од предшколска возраст

Локалната самоуправа и јавното претпријатие „Билјанини извори“ под мотото „Спортско лето“ организираа спортска недела во која секој ден се одржуваат спортски активности за различните категории на граѓани. Спортските активности за рекреативците се одржаа на 22 јули, вчера со заедничка заложба за збогатување на активностите на пензионерите, ЈП „Билјанини извори“ предвиде спортско– рекреативни активности за пензионерите.

Трет ден од проектот „Спортско Лето“ во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ посветен на децата од предшколска возраст. Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ најмладите уживаа во спортско – рекреативните активности заедно со Спортските работници од Јавното претпријатие. На овој начин децата ќе бидат запознаени со значењето на спортот а воедно ќе се влијае врз зголемување на спортската култура и развивање на спортска свест уште од најмала возраст. Утре ќе се организираат спортско-рекреативни активности на лицата со попреченост. Рекреативците повторно ќе спортуваат во петок кога и завршува спортската недела „СПОРТСКО ЛЕТО“.

2gs 4 3fgd