Во тек се активности за поставување на линија за одведување на атмосферски води на улицата „Крум Точков“. Со оваа активност Градот Охрид е опфатен со мрежа за одведување на атмосферски води во должина од 31 километар. Активностите кои што ги презема Градот и Јавното Претпријатие се во насока за целосно сепарирање на отпадните и атмосферски води и надминување на проблемите кои се јавуваат по време на дождовите.