Активности за поставување на линија за одведување на атмосферски води на улицата „Крум Точков“

Во тек се активности за поставување на линија за одведување на атмосферски води на улицата „Крум Точков“. Со оваа активност Градот Охрид е опфатен со мрежа за одведување на атмосферски води во должина од 31 километар. Активностите кои што ги презема Градот и Јавното Претпријатие се во насока за целосно сепарирање на отпадните и атмосферски води и надминување на проблемите кои се јавуваат по време на дождовите.