Џиновски магнет пренесен од Њујорк во Чикаго

Џиновски електромагнет, широк 15 метри и тежок 15 тони, патуваше цел месец од Њујорк до Чикаго, каде што ќе остане. Магнетот е наменет за физичарите кои во американската Национална лабораторија работат на забрзување на субатомските честички.

Но сепак, забрзувањето не е најкарактеристичното нешто за овој магнет. Неговото патување беше со брзина од 8 до 24 километри на час. Неговиот транспорт изнесува 3,5 милиони долари, што се смета за подобра и поевтина опција отколку да се изгради нов.