Годишно тренерско лиценцирање на 5 август

Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската федерација на Македонија го организираат редовното годишно лиценцирање на тренерите во сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ. Лиценцирањето ќе одржи на 5 aвгуст 2013 година (понеделник) во хотел „Континентал“ Скопје, со почеток во 10:30 часот.

На лиценцирањето ќе има презентации од областа на професионалниот менаџмент, психологија на врвни спортисти, а  своја презентација ќе има и Селекторотот на „А“ репрезентацијата на Македонија, Чедомир Јаневски.

Лиценцирањето е предвидено да трае до 15:00 часот кога тренерите ќе ги добијат своите лиценци/дозволи за работа за натпреварувачка сезона 2013/14.

Присуството на сите тренери во сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ е задолжително. ФФМ упатува покана за присуство и до сите тренери носители на УЕФА Про Диплома.