Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ја изработија апликацијата “MK Guide”, која бесплатно беше дадена на Општина Охрид. Оваа апликација содржи многу културни знаменитости и други информации со кои посетителите подобро и полесно ќе можат да го запознаат градот.
Откако корисниците ќе ја снимат оваа апликација во својот мобилен телефон, со насочување кон објектот пред кој се наоѓаат тие ќе добијат повеќе информации за неговата историја и неговото значење.
Оваа апликација им помага како на домашните, така и на странските посетители полесно да ги откријат и да ги запознаат убавините и знаменитостите на Охрид. Таа може да се преземе од Google продавницата за апликации за Android системи, а низ градот ќе бидат разделени и флаери со QR код кој води дирекно до местото од каде може да се преземе.