ВМРО-ДПМНЕ: Никаков плач и манипулации не смее да спречи реформи во Охрид, посебно не од оние кои го уништија Охрид

„OO СДСМ го има истиот проблем кој ги пратеше и при 8 годишното насилство што го вршеше врз Охрид. Да не знае да разликува што е воведување на стандарди во работата, што е оценка за неквалитетна работа, а што се правни процедури. Тоа за СДСМ секогаш било туѓо. Никаков плач и манипулации не смее да спречи реформи во Охрид, посебно не од оние кои го уништија Охрид со своите одлуки, со своето однесување, со односот кон финансиите, со злоупотребата на администрацијата. Партијата СДСМ која со списоци ги малтретираше и се закануваше врз вработените во локалната влечкајќи ги по некакви граѓански парламенти и митинзи, партијата СДСМ која преку мнозинството во минатиот Совет ги бранеше раководителите на Секторите кои му нанесуваа огромни штети на градот, партијата СДСМ која го доведе Охрид до економски колапс со огромни милионски догови и партијата која на свои партиски членови им делеше договори без да се појават на работно место, денес лицемерно се обидува да се спаси од вината која ја има за катастрофалната состојба во Општината Охрид. Политичката оценка за нивното работење ја добија пред само 4 месеци со катастрофален пораз, а правната оценка за нивното работење ќе си ја дадат надлежните органи. ВМРО-ДПМНЕ настојува да се подобрат состојбите во сите сфери во Охрид, да се почитува правото на оние кои работат и да се укажува на грешките на оние кои не работат и нанесуваат само штета. ВМРО-ДПМНЕ сака да види и функционирање на правната држава по сите основи и за секој еден вид на злоупотреби или насилие“. – стои во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Охрид.