Напаѓач со сатар ранил 11 лица во автобус во Хонг Конг

57-годишно лице во Хонг Конг, со сатар нападнал патници на еден автобус при што повредил 11 луѓе, пред да успејат да го совладаат, соопшти полицијата.

Хонг Конг кој претставува за еден од најбезбедните градови во светот, после овој настан во болница биле згрижени 11 лица од кои едно лице останало без малиот прст.

Нападот се случил наутро кога автобусот кој превезувал работници се движел по автопатот во Хонг Конг. Напаѓачот почнал да ги напаѓа своите колеги кои седеле во задниот дел од автобусот. Веднаш по неговото апсење, во автобусот бил пронајден сатарот, кој го користел при нападот.