Потона брод во близина на Турција кој превезувал имигранти, 24 лица се удавиле

Најмалку 24 лица се удавиле откако бродот кој превезувал имигранти во Европа потона во близина на западниот брег на Турција.

Капетанот на бродот минатата ноќ испратил порака до крајбрежната стража: „Тонема, на бродот има 30 луѓе“, по што врската се прекинала.

Турската крајбрежна стража извлекла 24 тела, а спасила 12 имигранти, чија националност не се соопштува. Операцијата за спасување и пребарување по останати имигранти продолжува и понатаму. Неофицијално, потонатиот брод требало да стигне до грчкиот остров Лезбос.

Турција е центар за имигранти кои илегално сакаат во Европа да побараат подобар живот. Грција најчесто е влезна точка за оние кои сакаат да влезат во земјите од ЕУ.