Делегација на Советот на Општина Охрид денес со свечени активности го одбележува празнувањето на двата Илиндена.
Во градскиот парк, пред спомениците на Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ Андон Дуков и Спас Банџов делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации во знак на почит положија свежо цвеќе.
Делегацијата на општина Охрид свежо цвеќе положи и пред спомен-плочата на Прентов Мост.
Со положување свежо цвеќе, историски час пред споменикот на паднатите борци од с. Плаќе во востанието на Рашанец и импровизиран напад на селото од комитите, се одбележа Денот на Илинденското востание и патронатот на црквата „Св.Илија“ во селото Плаќе.