Зголемен сообраќајот во Охрид, сообраќајка на „Железничка“

Како секоја година така и оваа, најмногу гости Охрид очекува за време на викендите, пред и по Илинден. Со оглед на тоа дека најголем дел од туристите доаѓаат со автомобили, сообраќајот на сите улици низ градот е густ, а брзото и невнимателно возење често резултира со сообраќајни незгоди.

Нашата екипа, денес околу 10:00 часот на улицата „Железничка“ затекна сообраќајна незгода во која учествуваа битолска „Форд Фиеста“ и охридско „Југо“. За среќа во овој случај немаше човечки жртви, а беше предизвикана само материјална штета. Благодарение на полицијата, застојот на улицата „Железничка“ не траеше долго.

WebOhrid