СВР Охрид со честитка за денешниот празник – Илинден

   По повод 2 Август-Илинден денот на Републиката, до сите граѓани упатуваме искрени честитки за срекен и долговечен празник.

   Како служба, почитувајки ги слободарските традиции на Македонскиот народ, идеалите на Илинден и АСНОМ, и понатаму, крајно професионално и неуморно продолжуваме во заштита и унапредување на човековите слободи и права, во сузбивањето на сите видови криминалитет, и градиме концепт на блискост со граѓаните, максимално посветувајки се на заштитата на вистинските вредности на нашето општество. 

   Посветени сме кон изградба на демократско општество на рамноправни граѓани, градиме стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици, и кој ке ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава, стои во честитката од портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.