Арсенал 2:2 Наполи, Пандев стрелец

Во натпреварот од „Емирати Купот“ помеѓу Арсенал и Наполи кој заврши 2:2, нашиот репрезентативец Горан Пандев го постигна вториот гол за Наполи во 29 минута со што Наполи на полувреме водеше со 0:2.

Второто полувреме започна со измена, Пандев излезе од игра, а на негово место Наполи го претстави новото засилување Игуаин. До крајот на натпреварот Арсенал успеа да постигне 2 голови и да го изедначи резултатот.

Следните натпревари од „Емирати Купот“ се играат утре, Наполи ќе игра против Порто, додека пак Арсенал ќе игра против Галатасарај.

WebOhrid