Жителите на Дебрца да изготват геодетски елаборати и да го запазат рокот за нивно доставување

Општина Дебрца ги известува сите граѓани кои имааат доставено барање за легализација, дека е формирана комисија која секојдневно ќе извршува увид на објектите за кои е доставен геодетски елаборат изработен во геодетска овластена фирма, а жителите кои немаат изработено геодетски елаборат да изработат, со цел да го запазат рокот за доставување на елаборати до 18.06.2014 година. Во спротивно ќе го изгубат правото на легализација и предметот ќе биде одбиен без разлика дали предходно корисникот поднел барање за легализација, а нелегализираните објекти ќе бидат подложени на Законот за градба.