Роби Лакатош ансамбл од Унгарија на „Охридско Лето“

Вечерва на Античкиот театар со почеток од 21:00 часот на репертоарот на „Охридско Лето“ е Роби Лакатош ансамбл-Унгарија.

Роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Les Atéliers de la grande Ille” во Брисел – неговиот „музички дом“ во овој период. Лакатош соработувал со Вадим Репин и Стефан Грапели, а со неговата изведба се восхитувал Сер Јехуди Мењухин кој специјално доаѓал во клубот во Брисел да го чуе.

Роби Лакатош е не само воодушевувачки виртуоз, но и музичар со исклучително чувство за стил. Еднакво комотно чувствувајќи се при изведбата на класичната музика, џезот и унгарските фолклорни идиоми, Лакатош е од ретките музичари кој им пркоси на дефинициите. Го нарекуваат ромски виолинист или „ѓаволест виолинист“, класичен виртуоз, џез-импровизатор, композитор и аранжер, „повратник од 19-от век“, а Лакатош, всушност, и е се‘ ова заедно. Тој е универзален музичар кој толку ретко може да биде сретнат во наше време – свирачот чијашто моќ на интерпретатор потекнува од неговите активности на импровизатор и композитор. Лакатош настапува во најпознатите сали и на најпрестижните фестивали во Европа, Азија и Америка.