Врз основа на член 50 -а став 6 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, градоначалникот на Општина – Дебарца, Игор Трајкоски, го донесе соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Локалната урбанистичка планска документација за градежна парцела 1, за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 850 kw, класа на намена – Е 2 – комунална супраструктура, на КП. 112, мв. Престој, КО- Ново Село, општина – Дебарца.
- Се организира Јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД – Локална урбанистичка планска документација, со тех.бр.У02-04/13, изработена од „ Иванов инжињеринг “ Битола, за изградба на Фотоволтаична централа, со класа на намена Е 2 – комунална супраструктура, на КП. 112, мв. Престој, КО- Ново Село, Општина – Дебарца.
- Плански опфат: ЛУПД се однесува за просторот опфатен со КП. 112, КО- Ново Село, со површина од 11641,00 м2.
- Јавната презентација ќе се одржи на 07.08.2013 година, со почеток во 12:00 часот во просториите на општината – Дебарца.
- Јавната анкета по Локалната урбанистичка планска документација ќе трае од 01.08.2013 до 09.08.2013 година.
- ЛУПД – Локалната урбанистичка планска документација, ќе биде изложена во просториите на Општина – Дебарца, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.
Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.