Малиот Даниел од Охр​ид му свиреше на Ла​катош​

Синоќа „Охридскиот Паганини“ 12 годишниот Даниел Мојсоски имаше ретка можност  во своите раце да ја држи магичната виолина со црвен рубин од познатиот виолинист Роби Лакатош кој настапи со голем концерт на 53 роденденско издание на „Охридско Лето“.

Даниел Мојсоски е ученик во Основното Музичко Училиште „Методи Патче“ Охрид 5та година во класата на професор Елица. Жарот во очите на Даниел беше забележан од маестро Роби Лакатош и доби дозвола да отсвири нешто на неа. Malka tokata од HRISTOSKOV бече изборот на малиот виолинист, одеднаш се стана магично целата гардероба се исполни со прекрасни звуци кои им го привлекоа вниманието на членовите на оркестарот како и музичкиот селектор м-р Гордана Јосифова Неделковска. Награден со громогласен аплауз видно возбуден малиот Даниел овој момент ќе го памети засекогаш. Му посакуваме блескава кариера и светска слава.

1098044_670704139610920_1337179843_n (1) 543815_670704462944221_92315068_n 282807_670704246277576_1617578901_n