Јаховиќ со хет-трик го разреши Локарно

Во натпреварот од 4-то коло од втората швајцарска „Челинџ“ лига, Локарно изгуби на домашен терен со 0:3 од Вил. Најзаслужен за победата за Вил беше нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ кој со головите во 30, 48 и од пенал во 76 минута ја оправда улогата на фаворит на неговиот тим.

По 4 одиграни кола екипата на Вил се наоѓа на првото место со 9 поени, додека пак Јаховиќ води на листата на стрелци со 5 постигнати голови.

WebOhrid