Шест жртви при ерупција на вулкан во Индонезија

Шест лица, меѓу кои и две деца загинаа во централна Индонезија откако еруптираше вулканот Рокатенда, исфрлајќи во воздухот вжарени камења и пепел. Како што е соопштено, три лица од загинатите се возрасни, две деца по чии тела се трага и пронајдено е уште едно тело чија возраст треба да се утврди.

За активноста на овој вулкан има предупредување, со што на луѓето им се забранува приоѓање од најмалку 3 километри од кратерот. Загинатите се наоѓале во забранетата зона.