На 15 август во Охрид, Универзитетот „Евро-Балкан“ ќе го отвори шеснаесетиот летен универзитет.
Оваа година програмата на Охридскиот летен универзитет ја сочинуваат:
- Св.Климентовиот летен универзитет, Меѓународната летна школа, Да се разбере Византија Балканот, каде што Истокот се сретнал/разделил со Западот. (предавачи проф.Флорин Курта, Универзитетот во Флорида, проф. Џонатан Шепард, Универзитетот во Кембиџ, д-р Ендрју Роач, Универзитет во Глазгов).
- Летниот институт за сексуалност, култури и политики, во соработка со Факултетот за медиуми и комуникации при Универзитетот Синги Дунум во Белград (предавачи: д-р Антке Енгел, Институт за квир теорија, Хамбург/Берлин, Мајкл О’Рурк, независни колеџи, Даблин, д-р Томаш Сикора, Педагошки Универзитет, Краков).
16-иот Охридски летен универзитет 2013 ќе трае до 21 август.