При крај градежните активности за реконструкција на полигонот во Волино

Новата Локална самоуправа на Општина Дебарца, на чело со градоначалникот Игор Трајкоски, како што вети во својата изборна програма дека ќе спроведе реконструкција на Полигоните за мали спортови во населените места низ општина Дебрца, денес сме сведоци дека таквите ветувања стануваат реалност.

При крај е реконструкцијата на полигонот во с.Волино, се изврши и промена на заштитните мрежи со појачување на столбовите како и нивно бојадисување, со што ќе се заштити новото училиште кое ќе се стави во функција на најмладите, каде учениците ќе имаат настава во најсовремени услови.

volino01 volino03