Богослужби по повод празникот „Свети Стефан“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, на 14 август (среда), во манастириот „Свети Стефан“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

На 15 август (четврток), во манастирот „Свети Стефан“, – Охрид, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8:00 часот.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.