Ќе се решава проблемот со училишната зграда за учениците од селата Ливоишта и Вапила

Секретарот на општина Охрид, м–р Димитар Спасески заедно со советникот Ангел Јанев остварија посета во селата Ливоишта и Вапила, каде заедно со жителите ги разгледуваа можностите околу решавање на проблемот со условите во кои децата ја изведуваат наставата.

Тие најавија реконструкција на едно од училиштата каде децата од двете села ќе учат, со што ќе се создадат услови за нормално одвивање на образовниот процес на најмладите. Во договор со жителите, до почетокот на учебната година учениците треба да седнат во реконструирани училници.

Skolo_Vapila_Livoista_4853

Skolo_Vapila_Livoista_4852