Кршел инвентар и се заканувал со нож во пекарница во Охрид

На 14.08.2013 година, околу 02:00 часот, во пекарница „Феникс“ лоцирана на улицата „7 Ноември“ во Охрид, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Љ.С.(38), кој во алкохолизирана состојба најпрвин вербално ги нападнал присутните, а потоа им се заканувал и со нож, скршил една витрина и физички го нападнал сопственикот на пекарницата Љ.С.(42). Пријавениот е приведен во ПС Охрид каде е алкотестиран, при што е утврдено 2,76 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање  на случајот.