Возобновени маалскиот фудбал и баскет

Во организација на Општина Охрид, а во рамки на проектот „Спортско лето – спорт за сите“ започна возобновувањето на маалскиот фудбал и баскет. Урбаната заедница „Стар Град“ е првата во која жителите се натпреваруваа во спортски дух.

На игралиштето во општинското основни училиште „Св. Климент Охридски“ по неколку екипи се натпреваруваа во фудбал и кошарка, а најдобрите добија и скромни подароци. На крајот, ревијален натпревар изиграа и повозрасните жители. Натпреварите ќе продолжат и во другите урбани заедници.

Malski_fudbal_4852 Malski_fudbal_4853 Malski_fudbal_4851