Градоначалникот Бакрачески се сретна со претседателот Иванов и поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус

Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска, синоќа, остварија средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов и поранешниот претседател на Република Чешка, Вацлав Клаус.

На средбата беше изразено задоволството од билатералните односи меѓу двете земји, двете страни изразија надеж дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина во сите сфери на општественото живеење.

Високите гости  имаа можност да го проследат настапот на Владимир Четкар во „Аквариус“.

Bakraceski_Ivanov_Klaus_4852 Bakraceski_Ivanov_Klaus_4851 Bakraceski_Ivanov_Klaus_4853