Изминаа сто дена од промената на раководниот тим во ЈП „Билјанини Извори“

Изминаа сто дена од промената на раководниот тим во Ј.П. „Билјанини Извори“. Во текот на овие изминати сто дена во организација на Ј.П. „Билјанини Извори“ се реализираа голем број спортски настани и културни манифестации. 

Ј.П. „Билјанини Извори“ повторно стана стопанственик на Јавниот паркинг простор во централното градско подрачје, а исто така го превзеде и стопанисувањето со Градскиот базен „Атина Бојаџи“.

Оваа година за прв пат на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ се реализираше проектот „Спортско лето „кој опфати различни категории на граѓани како и проектот Ј.П. „Билјанини Извори за децата„ кој е посветен на најмладите.

Во текот на изминатите 100 дена Ј.П. „Билјанини Извори“ потпиша Меморандум за соработка со ЈОУДГ Јасна Ристеска како и со Здруженијата на лица со попреченост.

Од аспект на финансиската состојба, Ј.П. „Билјанини Извори“ се наоѓа во подобрена финансиска кондиција. Во текот на изминатите 100 дена исплатени се 3 (три) неисплатени плати, исплатени се побарувања на околу 30 коминтенти. Редовно се сервисираат побарувањата кон ЕВН како најголем побарувач, практика која за прв пат е воведена од ова раководство имајќи во предвид дека во изминатите години сметките кон ЕВН воопшто не се подмирувале.

Во тек е изработка на финансиски план за сервисирање на долговите кон јавните претпријатија во Охрид (Комуналец и Проаква), исто така новина во работењето во Ј.П. со акцент на тоа дека и ова не било практикувана од минатото раководство.

Од месец септември во план е и подмирување на најголемиот долг на Ј.П. кон ЕВН Македонија во износ од 6. 500 000 денари.