Пред почетокот на новата школска година, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ го средуваат дворот на О.У. „Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој реон. Овој простор темелно се расчистува од натрупаниот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација (ИЦБ), а ангажирани се 10 општи комунални работници. Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на џбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според првичните проценки се очекува да се подигне 60м³ отпад.
Овие активности се спроведуваат по претходно добиен налог од „Комуналната инспекција“.