Се уредува ОУ „Климент Охридски“ во населба Даљан

Пред почетокот на новата школска година, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ го средуваат дворот на  О.У. „Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој реон. Овој простор темелно се расчистува од натрупаниот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација (ИЦБ), а ангажирани се 10 општи комунални работници.  Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на џбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според првичните проценки се очекува да се подигне 60м³ отпад.

Овие активности се спроведуваат по претходно добиен налог од „Комуналната инспекција“.