Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(35) од Охрид како и против Џ.Х.(25) и А.Х.(22) двајцата од Тетово.
Пријавените, синоќа околу 21 часот и 50 минути пред кафетеријата „Славица“ во Охрид започнале вербална расправија со Р.А. (24) од Струга по што и физички го нападнале. Тие му задале повеќе удари со раце и нозе по целото тело и го собориле на плочникот. Тука продолжиле да го удираат по главата од што Р.А. се здобил со тешки телесни повреди односно со скршеници на вилицата.
По дадената неопходна медицинска нега на хируршкото оделение во општата болница во Струга, а поради сериозноста на повредите Р.А. е пренесен во ургентниот центар во Скопје.
Пријавените веднаш се приведени во СВР Охрид и лишени од слобода, а во текот на денов ќе бидат изнесени пред истражен судија при основниот суд во Охрид.