Трансфер на Костовски во Леувен

26 годишниот напаѓач Јован Костовски официјално е член на белгискиот прволигаш ОХ Леувен. Според официјалната веб страна на клубот, Костовски потпишал 3 годишен договор.

И покрај тоа што интересот за нашиот напаѓач беше голем, сепак Леувен беше тимот кој ја доби битката за неговиот трансфер.

Јован Костовски како играч на Вардар беше најдобар стрелец во домашното првенство минатата сезона, додека пак на почетокот од оваа сезона на 2 натпревари постигна 4 голови за Вардар. Костовски има два настапи за македонската репрезентација.

WebOhrid