Ј.П. „Нискоградба“ – Охрид ги известува граѓаните дека продолжува постапката за наплата на побарувања по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосферски води преку извршители.
„Сите оние кои до сега не го подмириле долгот тоа да го извршат во најкус можен рок и да ги достават платените сметки како доказ како би ја прекинале постапката и би ги избегнале дополнителните трошоци, судска такса за предлог решение во износ од 120.оо денари, нотарска награда во износ од 500.оо ден како и трошоците на нотарот во постапката во вкупен износ од 240.оо ден, или вкупно 860.оо денари плус камата на ненаплатени побарувања пресметана од денот на побарувањето“. – информираат од ЈП „Нискоградба“ – Охрид.