Во сообраќајна незгода повредени три лица од кои едно им подлегна на повредите

Вчера во 18:00 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „сузуки свифт“ управувано  од Пере К.(69) од Охрид  и патничко моторно возило „форд мондео“ управувано од М.М.(25) од Скопје.

Во незгодата тешко телесно биле повредени Пере К., кој бил пренесен во Медицински центар Охрид каде им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот на М.М., П.К.(23) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката од ПМВ „форд мондео“ Љ.П.(22) од Скопје, и истите по укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид се пуштени на домашно лекување.