Трансфер на Адис Јаховиќ во тимот на Ворскла Полтава

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ потпиша за украинскиот премиерлигаш Ворскла Полтава. Како што истакнуваат од клубот, трансферот на 26-годишниот напаѓач се одолговлекувал цел месец, но во последен момент, пред затворањето на преодниот рок, овој трансфер се реализира.

„Јас сум многу среќен, Ворскла е добро организиран тим, тоа се виде од искрениот, сериозен и професионален пристап“, – изјави Јаховиќ, кој потенцираше дека едвај чека да се адаптира на новата средина и да му помогне на клубот во остварувањето на нивните планови за оваа сезона.

Јаховиќ ќе му се приклучи на тимот на Ворскла по завршувањето на репрезентативните обврски, против Велс и Шкотска на 6-ти и на 10-ти септември.

WebOhrid