Агим Ибраими позајмен во Каљари

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими официјално е нов член на екипата на Каљари. Тој ќе настапува како позајмен играч, но со опција за откуп на неговиот договор на крајот од сезоната.

Во изјава за официјалната веб-страна на Каљари, Агим Ибраими изјави дека тој и неговото семејство се пресреќни, како и тоа дека играњето во Серија А е сон од неговото детство. 

Оваа недела Ибраими има репрезентативни обврски, како што изјави, едвај чека да почне да тренира и игра со неговите нови соиграчи, по завршувањето на натпреварите на Македонија против Велс и Шкотска во Скопје.

WebOhrid