Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(20) од Поградец Република Албанија. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот на 24-ти Јули оваа година, од просториите на „Охридско Лето“ бесправно одзел еден фотоапарат „Никон“. Тој, на 10-ти Август годинава извршил уште една кражба од „Охридско Лето“ при што одзел еден лап-топ компјутер со дополнителна компјутерска опрема како и неколку стикови. Двете кражби пријавениот Д.Р. ги извршил од канцеларијата на програмскиот сектор на фестивалот „Охридско лето“ искористувајќи згодна прилика и оставена отклучена канцелариска врата.
На 15-ти минатиот месец, од соба во вилата „Флора“ во Охрид каде бил сместен, сега притворениот Албански државјанин бесправно одзел еден лап-топ компјутер марка „Ацер“. Делото го направил откако ги забележал туристите како излегуваат од собата и одат на плажа по што со преклучување и незабележан успеал да влезе внатре, да изврши пребарување о одземање на компјутерот. По кратко време, тој го продал лап-топ компјутерот за 2000 денари.
Со извршените кражби Д.Р. кој во текот на Јули илегално ја преминал македонско-албанската државна граница, се стекнал со противправна имотна корист од околу 75.000,оо денари.