Документарниот филм за Охридското востание се очекува да биде прикажан на 12 септември

По повод 100 години од Охридското востание се очекува да биде прикажан документарниот филм за Охридското востание. Ова е проект на ентузијасти, луѓе кои се вљубени во локалната историја, луѓе кои се вљубени во градот Охрид.

Охридското востание е значаен настан во македонското револуционерно движење, а со тоа и во македонската историја.

„Охридското востание ако го согледаме од историски аспект ќе видиме дека е доста малку популизирано, дури во учебниците би можеле да се забележиме дека воопшто не ни присутно. Меѓутоа како што укажав на нас младите генерации, историчари, режисери, уметници ни припаѓа таа чест одново да го популаризираме ова Охридско востание кое може да се каже дека е на ранг на Илинденското востание. Она што е значајно за ова востание е дека е кренато во месец септември и дека предводник на тоа востание е Петар Чаулев“, – истакна на денешата прес конференција м-р Никола Митровиќ, докторант во Институт за национална историја.

Како што рече м-р Митровиќ, целта на овој документарен филм е пред јавноста да се популаризира Охридското востание. Охридскиот режисер Илија Пиперкоски  вели дека во исто време работел и на други докумнетарни филмови, но дека сепак овој филм за него претставува голем предизвик. Режисерот Пиперкоски напомна дека при крај се сите подготовки за документарниот фим за Охридското востание.

„Се надевам дека кога ќе биде 100 годишнината од Охридското востание филмот ќе биде готов,ако не на симпозиумот кога ќе биде на 4-5 октомври тука во Охрид и Дебар ќе биде прикажан“, – истакна Пиперкоски.

Документарниот филм се реализира со владини средства, а се очекува да биде прикажан на Македонската телевизија.

WebOhrid