Советот на месната заедница од с.Куртаица и Општина Охрид по повод 110 годишнината од битката кај Рашанец на 13 септември организира посета-марш до вечниот дом на војводата Аргир Маринов-Маринче и неговите востаници.
„Ја користиме оваа можност воедно да ги поканиме сите заинтересирани да се вклучат во маршот за обележување на најголемиот настан во Охридско – или во народот најпознат како втор „Мечкин Камен“, каде 117-те оружани востаници (со примитивно оружје и недоволно муниција) воделе нерамна борба со околу 3000 турски аскер“, – информираат од Советот на Месната заедница Куратица.
Почеток на маршот е во 08:00 часот од средсело Куратица,
8:45 мала пауза кај местото Црнец
Околу 9:30 пауза кај местото Клинчи гумења и запознавање со детали од настанот од 1903 (пештерите каде било сместено населението, болница, фурните за леб, пушкарниците … итн. )
10:00 часот пристигнување на местото на загинувањето на Аргир Маринче и неговите востаници-сожртви, положување венец и одржување говор.
12:00 часот – поделување храна и пијалок за присутните
13:00 часот – враќање назад за Куратица.
Должината на маршот е оклу 5 км (во еден правец), поради конфигурацијата на теренот препорачливо е учесниците да носат соодветни обувки и облека, како и ранец за храна и пијалок.