Во тесен и исклучително тврд натпревар, со многу мал број на поени, нашата репрезентација загуби од Босна и Херцеговина со 62-54, по што ќе мора да ги очекува резултатите од другите натпревари за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза од Евробаскетот.
Пред преполните трибини во Јесенице, нашите кошаркари предводени од Бо Мекејлеб и Перо Антиќ кои искомбинираа 38 поени, имаа водство по три четвртини со 45-41, сепак, слабата игра во нападот во последната четвртина во која постигнавме само 9 поени, беше клучна за конечниот исход. Ѓедовиќ и Телетовиќ предводеа серија на Босанците во завршницата, за конечен триумф од 62-54.